БРУКА ВО ЗДРАВСТВОТО: Вработена во болницата 8 Септември „позјамила“ картичка од пациент и со неа си пазарела по продавници

/ 16.11.2022

Денеска (16.11.2022), полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица извршиле службен разговор со С.С.(53), вработена во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Таа се сомничи дека од С.М., додека бил на лекување во болницата, одзела платежна картичка и пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката.

Во службениот разговор таа го признала делото.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


Од истата категорија