Во најдолгиот натпревар одигран во НБА лигата ноќта среда кон четврток, Бруклин нетс забележа победа со 148:139 на гостувањето кај Кливленд кавалирс дури по три продолженија.
Најдобар играч во победничкиот тим беше Дианџело Расел со 36 поени, седум скока и осум асистенции, кај домаќините се истакна Џордан Кларксон со 42 поени осум скока и пет асистенции.
Резултати на другите натпревари одиграни ноќеска:
Индијана – Милвоки 97:106
Бостон – Детроит 118:110
Њујорк – Филаделфија 111:126
Торонто – Вашингтон 129:120
Чикаго – Мемфис 122:120
Минесота – Хјустон 121:111
Далас – Мајами 101:112
Денвер – Сакраменто 120:118
ЛА клиперс – Феникс 134:107
Портланд – Голден стејт 129:107.