Во НБА лигата ноќеска на распоредот беа 10 натпревари, а најдолгиот го одиграа екипите на Бруклин и Шарлот. На домаќините им беа потребни дополнителни 10 минути, односно две продолженија да дојдат до триумф.

Продолжение се играше и на средбата во Орландо.

Резултати:
Детроит – Вашингтон 106:95
Орландо – Феникс 120:122 по продолжение
Атланта – Индијана 121:129
Бруклин – Шарлот 134:132 по две продолженија
Мајами – Торонто 104:106
Чикаго – Минесота 94:119
Мемфис – Кливленд 95:87
Далас – Њу Орлеанс 122:119
Сан Антонио – Денвер 111:103
ЛА клиперс – Сакраменто 127:118.