Градоначалничката на Витлси, општина во австралискиот град Мелбурн, Македонката Емилија Лиса Стерјова, деновиве се соочува со притисоци и закани од грчката заедница во во овој град, објави порталот Фаланга.
Причината за заканите е нејзиното учество на прославата на 28-та генерација матуранти на училиштето по македонски јазик во Мелбурн, како и фотографиите со старото македонско шеснаесеткрако сонце од Кутлеш, со кое Стерјова играла на оро, пишува Фаланга.
Според информациите на порталот, поради тоа, од денеска Стерјова ќе биде под полициско обезбедување на сите јавни настапи, а се очекува лицата кои и се заканувале да бидат изведени пред суд.
Грчката заедница барала јавно извинување од Стерјова и неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Витлси, како и нејзино отстранување од Лабуристичката партија.
Во Република Македонија со владини брусилки го отстрануваа Сонцето од Кутлеш, а во Австралија ете со закани.