Украинците објавија дека почнале да користат ново површинско беспилотно пловило без екипаж за кое тврдат дека е „најбрзиот објект во Црното Море“. Бродот се вика Козак Мамај, што е име на украински фолклорен херој и треба да помогне во напорите на Украина да оштети или уништи што е можно повеќе руски воени бродови.
Бродот беше јавно прикажан од Службата за безбедност на Украина на украинската телевизија во понеделникот, пишува Euromaidan Press. Во извештајот се наведува дека пловилото активно ќе учествува во операциите против руските бродови во Црното Море. Може да достигне брзина од повеќе од 100 километри на час, според United24, платформа за групно финансирање формирана од украинската влада за да им овозможи на луѓето да донираат пари за воените напори.
🇺🇦🛥️ SBU for the first time showed the naval drone “Kozak Mamay”
🔥 This drone is now the fastest object in the Black Sea and can accelerate to 110 km/h. It was created for maneuvering under heavy enemy fire, touch the trigger mechanism and BOOM. pic.twitter.com/hK76YlY9vS
— MAKS 23 👀🇺🇦 (@Maks_NAFO_FELLA) December 24, 2023
United24 го опиша Козак Мамај како оружје од украинско производство за „уништување на непријателски бродови во Црното Море какво што никој досега не видел“. Тие додаваат дека неговата брзина го прави „најбрзиот објект во Црното Море“. Бродот долг шест метри има и надзорна камера и сателитска платформа на врвот и е отпорен на куршуми „што го отежнува уништувањето“.
Не е јасно колку такви беспилотни бродови има Украина и дали досега биле користени во напади. Украинците често целат руски бродови и опрема во Црното Море како дел од нивната борба против руската инвазија. По серијата напади, Русија пресели многу од своите бродови од главното пристаниште на Црното Море во побезбедни води.
И покрај тоа, украинските напади врз руските бродови продолжија. Вчера Грант Шапс, британскиот министер за одбрана изјави дека „во последните 4 месеци уништени се 20 проценти од руската црноморска флота“. Русија оваа недела потврди дека украинскиот напад оштетил еден од нејзините бродови во пристаништето на Црното Море, велејќи дека големиот јуришен амфибиски брод Новочеркаск бил погоден од украински проектили.
Козак Мамај е дел од растечкиот арсенал на оружје и опрема што се произведува во Украина, бидејќи земјата се обидува да ја намали зависноста од донираното оружје од сојузничките земји. Тој напор вклучува зголемување на производството на ракети, беспилотни летала и муниција, како и производство на сопствени хаубици.