Брзите тестови ќе чинат илјада денари и тие веќе се пристигнати во земјава.

„Од петокот почнавме со телефонско закажување за брзите тестови во поликлиниката „Ѓорче Петров“. Термините се веќе исполнeти за оваа недела. Брзите тестови се пристигнати, екипите се обучени и веќе се земени осум тестови кои се пратени во Институтот за јавно здравје каде што е направен ПСР тест – изјави доктор Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом – Скопје за телевизија Телма.