„Буба”, потпишана од рускиот претседател за време на венчавката на австриската министерка Карин Кнајсел, беше продадена за 20.000 евра, а парите се уплатени за добротворни цели.
Кнајсел во интервју за Комерсант, рече дека „Бубата” била продадена на крајот од минатата година на аукција.
-Не ни припаѓаше на нас, ние ја добивме само за свадбата, а тој ден им кажавме на гостите дека сакаме да ја продадеме за добротворни цели, рече Карин Кнајсел.
Путин на 18 август присуствуваше на венчавката на Кнајсел во Австрија и се потпиша на „Бубата“ на брачниот пар.