Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски, кој беше министер за одбрана во војната од 2001 година, вели дека не очекува деескалација на ситуацијата во Украина, туку напротив, имајќи ги предвид уличните борби во Харков и големата колона оклопни возила што оди кон Киев.
– Путин вчера се изјасни во разговор со Макрон дека бара неутрален статус на Украина, бара демилитаризација и денацификација, забравајќи дека Зеленски е Евреин чие семејство дало жртви во борбата против фашизмот. Добро е што ние покажуваме дека сојузништвото со НАТО ни е битно и се солидаризираме со помошта за Украина, вели Бучковски во Утрински брифинг.
Бучковски вели дека влијанието на Русија во Македонија е минорно, но не е незначително.
– Битно е што ќе се случува во Бугарија каде Русија има најголемо влијание на Балканот после Србија. Доаѓа интересен период на дистанцирање на пријателите на Путин од него. Македонија треба реално да продолжи да гради единство меѓу опозицијата и власта. Нас кога ни беше најтешко во 2001 година, Русија мининално ни помогна, а Украина ни помогна максинално и тоа не смееме да го заборавиме, вели Бучковски.