Експремиерот на Македонија, Владо Бучковски, и поранешен специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија, во изјава за БГНЕС тврди дека зад протестите и предлогот за референдум за поништување на Договорот со Бугарија стоела Русија.

– Зад антибугарската хистерија во Република Македонија, протестите и предлогот за референдум за укинување на Договорот за пријателство со Бугарија, стои Русија која долго време работи на дестабилизација на регионот, вели Бучковски.

Тој во изјавата додава дека нема враќање назад во бугарско-македонските односи и дека со помош од Софија ќе го спроведеме францускиот предлог и ќе станеме членка на Европската Унија.