На денешната аукција на новобјавената еврообврзница постигната е камата од 7,625 проценти, тоа е повисока за повеќе од еден процентен поен од претходната распишна еврообврзница, која пропадна бидејќи немаше потпис од сега веќе поранешен министер за правда, Никола Тупанчевски, објави еконосмкиот портал Фактор.
Еврообврзницата се издава на четиригодишен период, од 13 март 2023 до 13 март 2027 година. Неофицијално, пишува Фактор, дознаваме дека сумата е 600 милиони евра, но официјална потврда на сумата се уште нема.
Меѓу причините кои се наведуваат за издавањето на еврообврзницата е буџетска поддршка за 2023 година и за рефинансирање на јавниот долг.
Министерство за финансии веќе објави дека денеска се одржува аукцијата за деветата еврообврзница.
Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност – соопштија утринава од МФ.
Извор: Фактор