Францускиот шампион му упати покана на Буфон кариерата да ја продолжи во француската престолнина.
Џанлуиџи Буфон се уште не донел конечна одлука дали и каде ќе ја продолжи кариерата и ги демантира шпекулациите кои се појавија во светските медиуми дека веќе се договорил со Пари Сен Жермен.
Буфон се повлече од Јувентус по 17 години поминати во торинскиот гигант. Тој во саботата за последен пат играше натпревар за „старата дама“.
– Ќе ми треба барем една недела, за да се смирам и да дојдам на себе по заминувањето на Јувентус. Има 40 години, минато ми е времето да носам спонтани и избрзани решенија. Треба внимателно да анализирам ситуацијата, бидејќи изборот не е лесен, изјави Буфон за „Скај Спорт“.