Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Џанлуиџи Буфон вели дека во план му е конечно да заврши средно училиште, објави Екипа.
Следната сезона легендарниот голман планира да стави крај на професионалната кариера и дека ќе се посвети на завршување на средно училиште.
– Морам повторно во училиште. Морам да завршам средно. Родителите ми досадуваат поради тоа веќе 30 години и доволно ми е стрес на темата, изјави Буфон.
Џанлуиџи Буфон на натпреварот против градскиот ривал Торино кој на програмата е утре ќе влезе во историјата на италијанскиот фудбал.
Тој досега во Серија А има 647 настапи исто колку што има и легендата на Милан Паоло Малдини. Сепак, по утрешниот натпревар против градскиот ривал Буфон ќе биде фудбалерот со најмногу настапи во Калчото.