Голманот на Парма, Џанлуиџи Буфон сонува да игра на Светското првенство 2022 со репрезентацијата на Италија.
– Манчини направи нешто неверојатно. Имам 43 години, па немам право да кажам: „Тука сум, повикај ме во репрезентацијата“. Но, благодарение на Светското првенство, можам да сонувам. Манчини скоро сигурно нема да ми се јави, тој веќе утврди кои играчи можат да му помогнат. Го гледав финалето на Евро 2020 дома со моите деца. Голема радост. Беше многу убаво да се видат момците насмеани по солзите што ги пролеаја по поразот од Шведска во квалификациите за СП 2018. Јас тогаш плачев на Сан Сиро, изјави Буфон во интервју за „Ла Газета дело Спорт“.
Италија е актуелен европски шампион, со трофејот освоен пред 15-ина дена во Лондон.