Поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, в понеделник на 9 јули ќе потпише договор и официјално ќе биде претставен како нов член на ПСЖ, објави престижниот француски спортски весник „Л’Екип“.
Францускиот клуб постигнал договор со 40-годишниот италијански голман, но остануваат да се дефинираат некои поситни детали.
Италијанските медиуми објавија дека Буфон веќе се наоѓа во Париз, а дека викендов ќе ги помине лекарските прегледи.
Тој в понеделник ќе потпише двегодишен договор и ќе заработува по седум милиони евра од сезона, што е двојно повеќе од неговата плата во Јувентус.
Исто така, Буфон ќе биде и амбасадор на Светското првенство, кое ќе се одржи во 2022 година во Катар.