Бугарија одлучи да не учествува во Глобалниот договор на Обединетите нации за миграција, изјави шефот на пратеничката група на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Цветан Цветанов, додавајќи дека тој договор би ги нарушил бугарските национални интереси.
– Позицијата на бугарската Влада е да не се приклучи на Глобалниот договор на ОН за миграција, изјави заменик лидерот на ГЕРБ по состанокот со коалициските лидери.
Договорот ќе биде на дневен ред на седница на Парламентот в среда.
Покрај Бугарија, Договорот не го прифатија и неколку други европкси земји, како Австрија, Полска и Унгарија, а Хрватска и Словенија се двоумат околу пристапувањето.
Договорот пропишува начин како државите треба да се однесуваат кон мигрантите.
Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер денеска во Берлин ја повика Европа на единство по прашањето на миграцијата и другите проблеми.
– Доколку една, две или три држави го напуштат Договорот на ОН за миграција, тогаш ние како ЕУ не можеме да ги штитиме сопствените интереси, изјави Јункер.