Бугарското Министерство за надворешни работи добило информација за нападот извршен денеска врз претседателот на здружението на Бугари во Македонија – „Шемето“, Бекир Кадриески во Струга.
Вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен во Струга со цел да се расчистат фактите околу случајот и да се утврди дали нападот е резултат на кривично дело од омраза.
Оттаму посочуваат дека според првичните податоци, жртвата добила лекарска помош и е примена во локалната болница.
Кадриески, за „Нова.бг“ изјавил дека го нападнало непознато лице во градот Струга. Тој тврдеше дека добил навреди дека е „валкан Бугарин“.
МВР го потврди инцидентот, а напаѓачот бил од Велешта.