Новиот министер за енергетика на Бугарија Александар Николов на брифинг најави дека неговата земја ќе поддржи помош од 1,5 милијарди лева (750 милиони евра) во енергетскиот сектор.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Николов, низ цела Европа има криза со цената на струјата. 343 евра моментално е цената во Бугарија. Бугарија ќе стане се поодржлива членка на енергетскиот пазар, што, според него, значи дека не може лесно да одржува пониски цени. Главното и најдискутирано прашање во моментов е прашањето за цените на јаглеродот. За 12 месеци во Бугарија има поскапување за околу 4 пати, што се одразува во ова директно доста лошо на цените на струјата.
Според Николов, просечната цена на струјата во Бугарија расте и тоа ќе остане и во наредните два до три месеци.
Сите предлози за поддршка ќе бидат разгледани од бугарската влада и ќе важат 4 месеци. Целта е да се покрие најтешкиот период кој доаѓа со најголема потрошувачка на струја во Бугарија. Се очекува да бидат вклучени и потрошувачите на природен гас. Сакаме да ја одразиме максималната пазарна динамика и најефективно да ги поддржиме потрошувачите. Шемите ќе продолжат да се развиваат за да можеме да се справиме со оваа ценовна криза. Надоместоците од декември наваму ќе се пресметуваат според реалната цена на берзата. Висината на надоместокот е 75 отсто од разликата меѓу основната цена и реалната просечна месечна цена на акциите, но не повеќе од 30 отсто од реалната цена, изјави бугарскиот министер за енергетика.