Лекарка од бугарскиот град Враца, североисточно од Софија, и татко и, во два последователни денови починале од Ковид 19, известува 24 часа.
И покрај напорите на лекарите од болницата Св. Ана каде била лекувана д-р Петранка Лишковска, таа починала во четвртокот на 15 октомври, а ден пред тоа починал татко и.
Д-р Лишковска (54) била началник на одделеието по хемотерапија во онколошкиот диспанзер во Враца. На крајот на септември здравјето и се влошило, а ПЦР тестот бил позитивен. По нејзина желба била префрлена на лекување во Софија. 24 часа известува дека при лечењето на докторката биле исползувани сите расположови медицински средства, дека и била дадена и крвна плазма, но, како што вели 24 часа – кај неа се јавиле сите можни усложнувања на состојбата поради што на крајта и починала.
Ден порано, во болницата во Бела Слатина, починал и нејзиниот татко.
Онкодиспанзерот во кој работела лекарката се претворил во кластер на заразата откако вирусот бил детектиран кај 19 лица – тројца лекари, 13 медицински сестри и две санитарки, плус д-р Лишковска. Ниту еден од пациентите не бил заразен.