Во Бугарија во изминатите 24 часа се потврдени нови 2.243 случаи на заразени со коронавирус, од направени 7.659 тестирања, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата.
Во изминатото деноноќие починале 42 лица.
Најголем број од новозаразените се во Софија – 913.
Меѓу инфицираните со Ковид-19 во земјата се наоѓаат и 1.948 лекари.
Од почетокот на епидемијата во Бугарија се заразени вкупно 40.132 лица, а регистрирани се 1.136 смртни случаи.