Претседателот на Воениот комитет на Европската унија, генерал Клаудио Грацијано, пристигнува во официјална посета на Бугарија, на покана од началникот на одбраната, адмирал Емил Ефтимов, соопшти Министерството за одбрана.
Претседателот на највисокото воено тело на ЕУ ќе се состане со адмиралот Ефтимов и ќе биде примен од вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министерот за одбрана во оставка, Красимир Каракачанов.