Бугарија уништува големи количини на вакцини со изминат рок против Ковид-19 и не планира да ги обнови своите резерви, изјави бугарскиот министер за здравство Асен Меџидиев.
„Во моментот, никој не сака да се вакцинира“, рече Меџидиев во интервјуто на државната телевизија.
Веќе се уништени огромни количества на вакцини со изминат рок, а уште на 2,8 милиони дози ќе им истече годинава рокот. Тој и соопштил на Европската комисија дека Бугарија сака да стави крај на договорот со Биотек / Фајзер, според кој Бугарија е должна да купува вакцини против коронавирус до 2025 година.
Меџидиев истакнал дека овој став го поддржувааат и Полска, Чешка и Литванија. Инаку, Бугарија има најниска стапка на вакцинирани во Европската унија. Според официјалните податоци, од 6,5 милиони население само 30 проценти имаат примено основна доза на имунизација.