Холандскиот парламент вчера изгласа резолуција против влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната.

Гласањето во холандскиот парламент се случи два дена откако Европскиот парламент усвои резолуција да им се дозволи на двете источноевропски земји да ѝ се приклучат на зоната без граници.

Со резолуцијата, холандските пратеници побараа од премиерот Марк Руте да стави вето на влезот на Бугарија и Романија во Шенген, додека не се направи анализа на функционирањето на владеењето на правото и намалувањето на корупцијата и организираниот криминал во двете земји.

Зборувајќи пред бугарските новинари пред неговото пристигнување на Европскиот совет денеска, бугарскиот претседател Румен Радев кажа дека Бугарија станала заложник на внатрешната политика на Холандија.