Вчера имало состанок на ЕПП каде жестоко, на раб на инцидент, Бугарите го нападнале претседателот на ЕПП зашто му дозволил на Александар Николоски зборува, кој побарал санкции против Бугарија поради очигледното кочење и застојот со евроинтеграциите на РМ.
Претседателот на ЕПП застанал во одбрана на Николоски одговарајќи дека долги години е тука и дека како потпретседателот на ЕПП има право на говор и ставови кои ги изнесува во име на ЕПП.
Николоски во Стразбур имаше говор во кој кажа дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците.Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да и воведе санкции за да ја принуди да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, исто како и другите земји кои одбиваат да ги спроведат судските одлуки. Тоа е единствениот пат да се оди напред, побара пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во обраќање на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.