Копретседателот на здружението на Бугарите во Република Македонија Бекир Кадриески бил претепан од непознато лице во градот Струга, известува бугарската НОВА.
Ова се случило пред околу еден час, потврди за НОВА самиот Кадриески кој рече дека бил соборен на земја и клоцан. Бил удиран и со раце.
Кадриески за НОВА објасни дека при тепањето бил навредуван на етничка основа со зборовите „валкан Бугарин“.
Кадриески е државјанин на Република Македонија. Тој нема бугарски пасош, но изјавува дека има бугарски идентитет.
Реакции по настанот:
„Сведоци сме на уште еден брутален чин на насилство врз државјанин на Република … Македонија со бугарски идентитет. Претседателот на здружението на Бугарите „Шемето“ Бекир Кадриески е тешко претепан во градот Струга. Силно ја изразуваме нашата огорченост и го осудуваме овој последователен чин на неиспровоцирано насилство врз нашиот сонародник. Доколку се потврдат информациите дека претепувањето на Кадриески било проследено со зборовите „валкан Бугарин“, тогаш тоа што се случило ќе претставува опасен рецидив и преку сите можни меѓународни канали ќе бараме делото детално да се истражи и виновниците да бидат казнети“, се вели во соопштението на ГЕРБ.