По посетата на Русија од страна на бугарскиот претседател Румен Радев, во рамки на прославата на Деновите на бугарската култура во Москва и неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин, на 30 мај таму ќе појде и бугарскиот премиер Бојко Борисов. Тоа за Тасс го потврдил помошникот на Путин, Јуриј Ушаков.
„На 30 мај очекуваме работна посета од премирот на Бугарија, Бојко Борисов“, изјавил Ушаков.
Тој додал и дека на 5 јуни Путин ќе биде во посета на Австрија.