Главната опозициска бугарска Социјалистичка партија поднесе барање за гласање недоверба на Владата на премиерот Бојко Борисов.
Социјалистите како причина го наведуваат фактот дека Владата не успеала да го реформира здравствениот сектор, кој е оптеретен со многу проблеми.
Ова е трето барање на социјалистите за гласање недоверба на Владата, а светските меидуми коментираат дека веројатно и овој пат нема да успее.
Социјалистите имаат 79 од 240 места во бугарскиот Парламент и за сега немаат поддршка од ниту една друга партија за свето барање