Никој не може да изврши притисок врз разговорите помеѓу Македонија и Бугарија, па ниту претседателот на САД, смета бугарскиот амбасадор во Македонија Ангел Ангелов. Според него, Бугарија само си ги штити националните интереси, а вршењето притисок е илузорно.
„Не гледам кој може да ја притисне Бугарија да си ги заштити националните интереси. Тоа е илузорно“, вели Ангелов за „Сител“.
За таканаречениот патоказ тој вели дека нема ништо штетно ниту пак спорно и дека разговорите биле во тек и тоа не било никаква тајна.
„Ништо нема штетно. Течат разговорите и тоа за никого не е тајна. Ние работиме се за да можеме да стасаме до некаков позитивен исход, евентуално до 22 јуни“, вели Ангелов.