Се ближи моментот кога претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе објави дека се предава, изјави бугарскиот генерал Димитар Шивиков за Бугарското национално радио.
Тој смета дека Зеленски, наскоро, ќе објави капитулација на Украина.
– Не се сомневам дека Руската Федерација ќе победи во овој конфликт, ја пренесува Наша газета изјавата на Шивиков.
Шивиков смета дека „Бугарија не треба да и дава оружје на Украина, бидејќи таквите акции само ќе ја интензивираат ескалацијата“.
Генерал Шивиков истакна и дека целта на Русија е демилитаризација и денацификација на Украина, а не нејзина окупација или уништување на државноста. Шивиков укажа и на „екстремно русофобната политика“ што ја водат украинските власти.
Според него, „Киев бил испратен на таков курс од трансатлантски играч“.