Го славиме нашиот јазик и писмо, кои се основа за зачувување на нашиот бугарски идентитет. На овој ден се сеќаваме на делото на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, благодарение на кои опстанавме и постоиме до денес, изјави министерот за надворешни работи на Бугарија Иван Кондовво, во своето обраќање по повод 24 мај, Денот на македонските и сесловенски просветители Св. Кирил и Методиј.
Како што пренесува порталот Трибуна, 24 Мај Бугарија го слави како „ден на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност“.
– И денес, благодарение на Бугарија, кирилицата е една од трите официјални азбуки на Европската Унија, вели во своето обраќање Кондов.
Тој во своето обраќање изрази „благодарност и до припадниците на бугарските заедници надвор од границите на Бугарија, нарекувајќи ги современи будители, кои несебично го носат просветителското дело во своите срца“.
– Бугарската дипломатска служба е природно одредена од образованието и писменоста. По традиција и убедување во нашето професионално секојдневие, не сме сами. Затоа, на денешниот ден на книжевноста, упатувам искрена благодарност до илјадниците наши сонародници ширум светот и дома, до стотиците бугарски заедници и организации во странство, до сите оние модерни будители, кои и покрај предизвиците на времето, несебично го носат просветителското дело во своите срца, ги воспитуваат младите генерации и неуморно работат за консолидација и проширување на бугарскиот јазичен и културен простор надвор од границите на Татковината, вели Кондов.