Бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев попладнево издаде наредба со која се воведува привремена забрана за влез на територијата на Бугарија на сите грѓани од трети земји. Со нардбата се воведува и процедура за ставање под карантин. се воведуваат и специјални правила за лицата кои вршат дејност на испорака на стоки и услуги, јавија бугарските медиуми.
Со наредбата на граѓаните од трети земји привремено им се забранува да влегуваат на територијата на Бугарија.
Се забранува и влегувањето на граѓани, независно од нивното државјанство, а кои доаѓаат од Италија, Шпанија, Франција, Велика Британија, Северна Ирска, Германија, Холандија, Швајцарија, Австрија, Белгија, Исланд, Лихтенштајн и Луксембург на сите гранични премини и со сите видови транспорт.
Исклучок се прави за бугарските државјани и членовите на нивните семејства.
Сите лица кои ќе влезат во Бугарија се ставаат под 14-дневен задолжителен карантин.