Бугарската социјалистичка партија одлучи да остане во владејачката коалиција, стана јасно по состанокот на Националниот совет на партијата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, БСП ќе го поддржи ребалансот на буџетот, и според неа, одржувањето предвремени парламентарни избори во Бугарија не е решение.

Бугарските социјалисти одлучија да разговараат со „Продолжуваме со промената“, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“ за владина програма во рамките на сегашната коалиција до крајот на годинава.