Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека остро ги осудува инцидентите од 27 јули 2023 година во Скопје, во кои беа повредени бугарски државјани, приврзаници на фудбалскиот клуб „Левски“, при што еден од нив беше тешко повреден со нож.
Во соопштението се наведува дека повредениот бугарски државјанин во моментов е во стабилна, но тешка општа состојба и се опоравува по операција во болница во Скопје. Претставници на бугарската амбасада се во постојан контакт со повредениот и неговите блиски, како и со локалните здравствени власти.
Изразуваме жалење што позитивниот и спортски дух на натпреварот помеѓу ПФК „Левски“ и ФК „Шкупи“ беше нарушен со акти на агресија надвор од фудбалскиот терен. Очекуваме надлежните органи во Република Македонија да ги преземат неопходните дејства за ефикасна истрага и спроведување на правдата во врска со сериозниот инцидент, посочуваат од бугарското Министерство за надворешни работи.
Оттаму уште еднаш ја нагласуваат, како што се посочува, „клучната важност од преземање ефективни мерки за спречување на вакви акти на агресија и гарантирање на безбедноста на сите граѓани“