Светиот месец Рамазан почнува денеска за муслиманите, кои ќе го празнуваат Рамазан Бајрам на 23, 24 и 25 мај. Како и за останатите вероисповеди, и овој верски празник ќе биде под блокада. Главното муфтијство издаде наредба за сите свои служители, со која се затвораат храмовите, пренесе бугарскиот весник 24 часа.
Заради Ковид 19, постењето преку денот и молитвите при залез на Сонцето ќе бидат различни – правилата за социјално дистанцирање не дозволуваат групни собирања, истакнува весникот.
-Затоа се препорачува собирањата да се ограничат само на тесниот семеен круг. При т.н. ифтар, храната што се раздава да биде во пакети и тие да бидат дезинфецирани. Истовремено, муфтијството препорачува пакетите да се делат на тие на кои им се најнужни – изјавил раководителот на бугарскиот Кризен штаб за Ковид 19, генерал Венцислав Мутафчиски.
Молитвите ќе се одвиваат преку интернет.