Директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат, службената картичка за гориво ја користела да полни и дизел и бензин во ист автомобил. Службеното возило рено клио 0.9 кое е задолжено на директорката Иринка Сотирова Бухова, според спецификациите на прозведувачот, како моторно гориво користи бензин, објавува „Алфа“.
Како што објави телевизијата „Алфа“, директорката во истото возило полнела и бензин и дизел. Дека Бухова се служела со ваквата пракса подолг временски период, како и дека од службената картичка таа често успевала да наполни дури и повеќе гориво од капацитетот на резервоарот, што го потвдуваат повеќе фискaлани сметки, како и други документи. Па се поставува прашањето, колку и чии возила користеле гориво платено од џебот на граѓаните, а со амин на директорката Бухова?
– Наводите кои се предмет на Вашите прашања се апсолутни неосновани измислици, конструкции и предмет за внатре-партиски пресметики за задоволување на суетите и апетитите на поединци, изјави за Алфа Сотирова Бухова.
Комисија за спречување на корупција за Алфа потврдува дека против директорката веќе има отворено предмет.
– До Државната комисија за спречување на корупцијата е пристигната пријава по која е оформен предмет. Од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата се доставени барања за прибирање податоци и информации до надлежни институции со цел проверка на наводите од пријавата,велат за Алфа од омисија за спречување на корупција.