13 клуба во Првата и Втората Бундеслига се изложени на ризик од банкрот доколку германските професионални фудбалски првенства не продолжат во мај, пренесува „Кикер“.
Според објавата, седум клуба во Втората Бундеслига би можеле да банкротираат во мај, а уште два ќе ги следат еден месец подоцна.
Во елитата, заканата „надвиснала“ над четири екипи, со само кај еден опасноста е блиску, додека другите три можат да издржат до јуни.
Податоците се од извештаи што ги бара Фудбалската лига (ДФЛ) и обезбедени од самите клубови. Тие ја објаснуваат нетрпеливоста што веќе ја доживуваат во Германија и потрагата по начини за обновување на сезоната.
2020-04-04 10