Во последните години немаше многу примери на незаборавни настапи за клубовите од Бундеслигата на евро турнирите, со исклучок на Баерн Минхен, но дури и баварскиот гигант се бори да стигне до трофејот во Лигата на шампионите уште од 2013 година.
Сепак, сегашната кампања е различна и дури шест германски екипи продолжуваат во директните елиминации на Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Со ист број учесници на двата турнира се Англија и Шпанија, кои имаат најсилно домашно првенство.
Синоќа Ајнтрахт (Франкфурт) оствари 2-2 на гости кај РБ Салцбург и ги елиминираше Австријците од Лигата на Европа со вкупен резултат 6:3. „Орлите“ се единствените од германските тимови во конкуренција што не ги освоија и двата натпревари. Баер (Леверкузен) покажа класа против Порто (2-1 и 3-1), а Волфсбург се справи со Малме со (2-1 и 3-0).
Екипите од Бундеслигата беа повеќе од убедливи во првото осминафинале од Лигата на шампионите. Баерн го совлада Челси со 3-0, РБ Лајпциг исто така се радуваше во Лондон со 1:0 против Тотенхем, додека Борусија Дортмунд победи со 2:1 на „Сигнал Идуна Парк“ против Париз Сен Жермен.
Билансот на германските тимови досега во фаза на директна елиминација е респектабилен: 8 победи и едно реми со гол разлика од 22:7.