Екипата на Херта убедливо го совлада Унион во дербито на Берлин на домашен терен со 4:0 – првиот натпревар од 27-то коло во германската Бундеслига.
По првото полувреме без голови, домаќините во продолжението постигнаа четири гола во мрежата на Рафал Гикиевич. Интригата во голема мерка беше решена по двата брзи гола во рок од една минута, кои ги постигнаа Ведад Ибишевиќ и Доди Лукабечио.
Матеус Куња го направи резултатот 3:0 по околу еден час игра, а конечните 4:0 ги формираше Дедрик Бојата
Така, Херта оствари втора убедлива победа без притоа да прими гол под водство на новиот тренер Бруно Лабадија по рестартирањето на Бундеслигата и се искачи на 10-тата позиција на табелата.
Унион е на 12. место, четири бода зад противникот.