Со влегувањето на Марин Ле Пен во трката за претседател на Франција, работите од нејзиното турбулентно минато повторно почнаа да се појавуваат.
Имено, нејзиниот татко, Жан Мари Ле Пен се оженил со Пиерет Лален ( мајката на Марин) во 1960 година, која во тоа време била модел. Тие се запознале две години претходно, заедно имале три ќерки, од кои најмладата е токму Марин. Не било планирано Марин да ја наследи политичката функција на нејзиниот татко, тоа требало да го направи нејзината сестра Мери-Каролин, но таа го избрала својот сопруг пред нејзиниот татко и со тоа извршила непростливо предавство.
Пиерет Ле Пен, мајката на Марин, одлучила да се разведе од Жан Ле Пен во 1987 година поради неговите екстремн ставови. Таа го напуштила семејниот дом во 1984 година поради неговите изјави за „традиционалните француски вредности“ и дека „жената е добра само за чистење, чистење, перење и извршување на брачните обврски“, па затоа бунтовната Пиерет во знак на одмазда решила да слика гола за Плејбој.
Таа е фотографирана во костим на француска собарка која ја чисти куќата. Марин призна дека никогаш не му простила на својот татко што ја испровоцирал ситуацијата и признала дека била истрауматизирана. Таа тогаш имала 16 години и ги прекинала сите врски со нејзината мајка, за подоцна да ја поправи врската. Марин еднаш рече дека има многу љубов меѓу неа и нејзината мајка.