ДУИ на 15 октомври ќе го избере новото централно претседателство.
Тогаш високите партиски тела на ДУИ владините функцинери кои доаѓаат од оваа партија ќе презентираат што сработеле, а во зависоно од тоа ќе се одлучи кој ќе продолжи, а кој ќе си замине од функцијата. Ова е договорено по петчасовната средба меѓу Ахмети и таканаречената „огнената група“ од ДУИ, за која Ахмети вели дека не постои.
„Карактеристика на ДУИ е дека никогаш немало напори да се изгласне различното размислување. Напротив, со почитување на тоа сме дошле до вистинските одлуки. Нема огнена група и нема да има.“
Дел од таканаречената „огнена група“, неофицијално задоволна на партиските одлуки.
По фотографијата меѓу пратеникот на ДУИ Изет Меџити и независниот пратеник Кастриот Реџепи, Ахмети него веќе го смета како дел од владејачкото мнозинство во парламентот. Реџепи беше дел од БЕСА, партија која коалицираше со мнозинството, па се префрли во опозицискиот блок. Паралелно, од движењето БЕСА најавуваат дека на првиот вицепремиер Артан Груби ќе му поднесат интерпелација, но не сега.
„Тоа не е нешто што ние мора сега да кажеме ќе биде овој ден или ќе биде тој. Ние секако сме опозициона партија. Но, секој момент кој ќе сметаме дека е политички можно да дејствуваме тоа ќе го направиме. Но, нема да го направиме за некои други цели. Тоа ќе го направиме за наши цели како пратеници за самите граѓани на нашата држава и општество.“
Таканеречената „огнена група“ во ДУИ беше револтирана и за начинот на работењето на владините функционери кои доаѓаат од оваа партија и бараа нивна одговорност. Како такви функционери во јавноста се споменуваа министерот за надворешни работи, Бујар Османи и првиот вицепремиер Груби. Османи рече дека тоа се шпекулации, а Груби дека никој не е незаменлив.