Илјадници граѓани на Калифорнија останаа без електрична енергија по бурата која го зафати северниот дел на земјата. Службите се обидуваат да ги поправат дефектите и да го расчистат теренот, откако елекрични столбови беа урнати од силниот ветар и предизвикаа привремена блокада на патиштата.

Поради силниот ветер и соборените дрвја, околу 90.000 жители на Сакраменто останаа без струја во неделата навечер, додека населението во Орегон и Вашингтон и натаму нема електрична енергија. Од тие причини властите го затворија автопатот од калифорнија кон Невада.

Националната метеорлошка служба издаде предупредување за бура за областа Сиера Невада, наведувајќи дека снегот и маглата ја отежнуваат видливоста.

Нов налет на снежна бура се очекува денеска попладне, но метеоролозите велат дека ќе биде со послаб интензитет.