За 24 часа, повеќе од 78 милиони луѓе на социјалните мрежи ја погледнаа најавата на Такер Карлсон дека ќе го интервјуира претседателот на Русија, Владимир Путин. Десетина илјади луѓе различно реагираа на обвинувањата на Карлсон дека американските мејн стрим медиуми се корумпирани и ги лажат гледачите и слушателите за војната во Украина.
-Додека нашите политичари и медиуми заземаат страна и го промовираат претседателот на Украина Зеленски, како да е потрошувачки бренд, ниту еден западен новинар не се потруди да го интервјуира претседателот на Русија, Путин. Мнозинството Американци немаат поим зошто Путин ја нападна Украина и кои му се целите. Тоа не е во ред. Американците имаат право да знаат се за војната во која се вмешани, а ние имаме право да зборуваме за тоа зашто и ние сме Американци – рече Карлсон во најавата.
Тој е еден од најпозатите американски новинари. Работел за Си-Ен-Ен и Фокс њус, каде помина скоро деценија ипол и во просек имал по три милиони гледачи. Од Фокс њус замина мината година, поради, како што рече, „обидот на лажговците да ги замолчат чесните луѓе“. Наскоро почна со емитување на емисии на социјалните мрежи во кои го навредуваше украинскиот претседател и ја спореше официјалната верзија за терористичкиот напад врз САД од 2001 година. Неговите интервјуа со аргентинскиот претседател и унгарскиот премиер имаа милионски прегледи, а се очекува дека разговорот со Путин ќе биде еден од најгледаните.
Поради тоа наиде на критики на социјалните мрежи дека му овозможува на Путин да ги оправдува воените злосторства. Истовремено Карлсон ги подели и западните медиуми, од кои низ го поддржуваат неговото интервју со Путин, а други го спорат.
Така, Кристина Аманпур напиша: Дали Такер навистина мисли дека не сме се обиделе да го интервјуираме рускиот претседател?
Ен Апелбен напиша: Многу новинари често го интервјуираа Путин кој исто така, често држи говори кои се професионално покриени. Интервјуто на Карлсон е поинакво, бидејќи тој не е новинар, туку пропагандист, со историја да им помага на автократите да ја покријат корупцијата.
Кога ќе биде објавено интервјуто со Путин, уште не е познато. Познато е дека ќе биде објавено во целост на официјалниот сајт на Карлсон и на социјалната мрежа Х. Гледањето ќе биде бесплатно.
–