Кинеските власти ги повикаа граѓаните на земјата кои тежат помалку од 50 килограми да не излегуваат надвор, „за да не бидат однесени од ветрот“. Кинескиот национален метеоролошки центар во петокот издаде портокалово предупредување за бурни ветрови во северните делови на земјата, прв во една деценија.
Според метеоролозите, налетите на ветровите од 13,9 до 24,4 метри во секунда се забележани денеска во повеќето области на Пекинг, додека во планинските области ударите на ветерот достигнаа 137 – 41,4 метри во секунда.
Претходно, Агенцијата за управување со вонредни состојби во Пекинг соопшти дека на жителите на кинеската престолнина им било советувано да не излегуваат надвор освен ако е апсолутно неопходно и да не застануваат под високи згради, билборди, привремени објекти или големи дрвја.
Многу паркови и верски комплекси во градот денеска се затворени, а сообраќајот на некои брзи линии и патишта е прекинат. Во Пекинг се откажани околу 500 летови.
Кина има систем за предупредување за временски услови со четири нивоа, при што црвената линија претставува највисоко ниво на опасност, а по опаѓачки редослед следат портокаловите, жолтите и сините.