Гент Цакај вчера го имше своето прво претставување како де факто министер за надворешни работи на Албанија на Самитот на шефовите на дипломатиите на ЕУ и балканските земји во Букурешт, каде што се судри со својот српски колега Ивица Дачиќ, објавија косовските медиуми.
Според извештаите од главниот град на Романија, Дачиќ се обидел да го стави во незавидна ситуација својот албански колега, протестирајќи „зошто Косово има двајца министри“ и забележувајќи дека, покрај косовскиот министер Беџет Пацоли, и Цакај доаѓа од Косово.
– Ова е тешка провокација која ни ја прави премиерот (на Албанија) Еди Рама, изјави Дачиќ.
На ова, како што јави МИА од Приштина, веднаш реагирал Цакај, со тврдење дека наводите на шефот на српската дипломатија не се точни и дека на Самиотот учестувуваат тројца министри за надворешни работи од Косово, со оглед дека и самиот Дачиќ е родум од Призрен.
– Фактички, господине министре, вие требаше да се скандализирате многу порано, бидејќи Косово веќе имаше двајца, а една поговорка вели „нема двајца без тројца“. Вие сте од Призрен, нели, меѓутоа ја претставувате Србија, додека јас сум Албанец од Косово и ја претставувам Албанија, му одговорил Цакај на Дачиќ.
Албанскиот премиер Рама го именува Цакај за министер за надворешни работи, а откако претседателот на државата одби да го потпише указот, самиот ја презеде таа функција. Веднаш потоа го именува Цакај за свој заменик, препушајќи му ја, фактички, сета албанска дипломатија во негова надлежност.