Во Царинска испостава „Табановце“, полициски службеници од Полициска станица Табановце, вчера во задниот товарен дел на паркирано товарно возило пронашле осум лица мигранти, од кои пет од Бангладеш, две од Пакистан и едно од Турција.
Од МВР денеска соопштија дека вчера во 10.30 часот по пријава на М.Б.(53) од Босна и Херцеговина, дека забележал оштетување на товарното возило, со странска национална ознака, кое го управувал, настанато додека бил паркиран во близина на Граничен премин Табановце, извршиле контрола на возилото.
– Притоа, во задниот товарен дел биле пронајдени осум лица мигранти (пет од Бангладеш, две од Пакистан и едно од Р.Турција), кои според пријавеното влегле во товарниот дел додека возилото било паркирано, се наведува во соопштението од МВР.
За настанот бил известен jавен обвинител, а мигрантите се предадени во Транзитен центар Табановце.