Царинската управа заплени обврзници со вредност 92 милиони долари.
Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев објави дека заплената се случила на 28 јули, а станува збор за 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500.000 долари.
Обврзниците биле пронајдени кај патник – турски државјанин кој пристигнал со редовен лет од Истанбул и не пријавил стока. При контролата, обврзниците биле забележани во четири папки, сместени во рачна црна торба.
Извршени биле разговори, прибрани биле и докази, како и консултации со државните и меѓународните инстутуции, како што се ИНТЕРПОЛ и СЕЛЕК.
Согласно одредбите од Законот за Царинска управа, поднесена е соодветна пријава до надлежниот суд. Судот ги одземал обврзниците, а на лицето му е изречена парична казна глоба.
Обврзниците, како што истакна Богоев, ќе и бидат предадени на Агенциаја за одземен имот.
Богоев укажа на постоечки тренд во глобални рамки на злоупотреба на обврзници како инструмент на перење пари.