За 778,3 милиони денари или 7,7 отсто е зголемена наплатата на приходи во февруари, период во кој Царинската управа наплати вкупно 10,8 милијарди денари, соопштија од Царинската управа.
Притоа, како што е наведено во соопштението, раст во наплатата е забележан по сите основи – наплатата на приходи од царина бележи раст од 8,9 проценти, од акциза 8 проценти, додека наплатата на приходите од ДДВ при увоз бележи раст од 3,9 проценти.
-Зголемената наплата значи повеќе средства за јавни добра кои ќе го поддржат растот на економијата – повеќе средства за здравство, образование, за патна инфраструктура, велат од Царинската управа, најавувајќи дека ќе продолжат со мерки за зголемување на ефикасноста и обезбедување стабилен раст на буџетските приходи.




