Владата им препорачува на фабриките и производните погони каде работат поголем број работници да ја реорганизираат својата работа во смени, по потреба и во четири смени, со цел да има помалку вработени во смена, посочи денеска  вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

-Тоа ќе го намали бројот на луѓе кои ќе бидат директно изложени. Воедно препорачуваме фабриките да се дезифинцираат при промена на смените. Ова е во интерес на здрвјето на вработените, но и во интерес на компаниите, рече Царовска на прес-конференција во Владата.

Таа посочи дека цел на Владата е да се зачуваат сите работни места.