Продолжуваме со инвестиции во образованието и во време на пандемија, бидејќи создавањето услови за непречено следење на наставата е наша обврска и должност, истакнала министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на општина Прилеп.
Од Министерството за образование и наука информираат дека Царовска заедно со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, го посетила училиштето „Мирче Ацев“, каде целосно e завршена санацијата на покривот за што се инвестирани над 14 милиони денари обезбедени од Буџетот на Министерството.
– Нашите ученици по завршување на оваа пандемија, повторно ќе се вратат во училишните клупи, а таму ќе ги дочекаат услови за следење на наставата според сите стандарди. Сакам да потенцирам дека МОН и во иднина, ќе продолжи со обезбедувањето на квалитетни услови за воспитно-образовната дејност, како преку подобрување на инфраструктурата на објектите, така и во обезбедувањето квалитетни учебници и нагледни средства за сите ученици и училишта во земјата, нагласила Царовска.