Денеска според календарот на МПЦ е Св. великомаченица Ефимија.
Света Ефимија се слави во месец февруари, а на денешен ден црквата се сеќава на нејзината помош на отците од Четвртиот вселенски собор од 451 година, кој се одржа во градот Халкидон.
Кога разумните уверувања не успеале да ги разуверат еретиците монофизити, било договорено да се запишат двете исповедања православното и монофизитското и да се стават во ковчегот со моштите на света Ефимија. До ковчегот била поставена царска стража, за да се оневозможи секоја измама.
После три дена поминати во пост и молитва, отците го отвориле ковчегот и го нашле православното исповедање во раката на света Ефимија, а монофизитското под нејзините нозе.
Католиците денеска слават Св. маченици за верноста кон Христос.
Благословениот Јосип Фернандез од Шпанија, како мисионер во 1805 година отишол на Далечниот Исток во Тонкиг. Непријателите на христијанството побарале од него да се откаже од верата. Му се заканувале дека ќе му ја отсечат главата ако не ја исполни нивната наредба. Маченикот на верноста им одговорил: „Не, ако сакате убиј те ме, јас никогаш нема да се откажам од верата“.
Благословениот Јосип умрел маченички во 1838 година.