Германската медиумска група „Функе“ соопшти денеска, повикувајќи се на извори во седиштето на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), дека 16 лица се кандидирале за функцијата претседател на партијата по оставката на Анегрет Крамп-Каренбауер.
Норберт Ретген, Армин Лашет и Фридрих Мерц веќе јавно објавија дека ќе се кандидираат за таа функција.
Во извештајот се наведува дека меѓу останатите 13 кандидати се наоѓаат и жени, но нивните имиња засега не се познати.
Анегрет Крамп-Каренбауер поднесе оставка од лидерското место во ЦДУ на почетокот на минатиот месец.